• петок, 22 ноември 2024

Додик: Не повикувам на војна, но има разговори за сецесија

Додик: Не повикувам на војна, но има разговори за сецесија
Бања Лука, 27 февруари 2020 (МИА) - Српскиот член на Претседателсвото на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска изјави дека не повикува на војна, судири и сецесија на Република Српска, но оти има разговори за тоа. - Тешките вербални судири нема да го загрозат мирот. Ниту во една своја изјава никогаш не повикав на вооружен судир. Не повикуваме на судири, сецесија нема во документите на РС, но за тоа секако се разговара, посочи Додик. Тој додаде дека негова цел е да се вратат надлежностите на РС, БиХ да се врати на Дејтонскиот договор. - БиХ е пропадната држава, која може да преживее единствено ако се врати на изворниот Дејтон, во кој ќе бидат два рамноправни ентитети и три конститутивни народи, истакна Додик. ми/

Остани поврзан