• недела, 22 декември 2024

Додик повторно го обвини американскиот амбасадор дека се меша и не го почитува суверенитетот на БиХ

Додик повторно го обвини американскиот амбасадор дека се меша и не го почитува суверенитетот на БиХ

Бања Лука, 26 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Република Српска Милорад Додик повторно го обвини американскиот амбасадор во БиХ Мајкл Марфи за мешање во внатрешните работи на БиХ, непочитување на суверенитетот и самоуправата на БиХ и неповредливоста на Дејтонскиот договор.

„Говорот на американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи, пред Босанско-херцеговско-американската академија на науките и уметностите покажа арогантно непочитување на суверенитетот и самоуправата на БиХ и неповредливоста на Дејтонскиот договор“, објави Додик на Твитер.

Тој вели дека Марфи во својот говор рекол дека САД го гледаат Дејтон „како почетна точка - основа на која треба да се изгради - а не, како што некои во РС ја прикажуваат, цел сама по себе“.

Според мислењето на Додик, тоа е „признание дека САД се обидуваат да го трансформираат политичкиот систем воспоставен со Дејтонскиот договор, како и да го третираат Дејтон не како обврзувачки договор, туку како привремена мерка“.

Додик истакна дека РС не го третира Дејтон како „цел сама по себе“, туку дека го третира уставниот поредок воспоставен со Дејтонскиот договор како што е – воспоставено право и докажано средство за зачувување на мирот, стабилноста и демократска власт во земја со три длабоко поделени етнички групи, оптоварена со вековни конфликти.

„Напредокот на БиХ не е загрозен од дејтонскиот уставен систем, туку од непромислените обиди за негово поткопување“, рече Додик. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан