• петок, 22 ноември 2024

Ди Марија го напушта Јувентус

Ди Марија го напушта Јувентус

Торино, 6 јуни 2023 (МИА) – Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел ди Марија потврди денеска дека нема да го продолжи договорот со најтрофејниот италијански клуб Јувентус.

„Дојдов до крајот на тежок и сложен период. Заминувам сигурен дека дадов сè од себе. Не успеавме да освоиме титули и поради тоа останува горчлив вкус во устата“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.

Ди Марија одигра за Јувентус 40 натпревари на кои постигна осум голови и додаде седум асистенции.

„Од првиот момент кога дојдов се чувствував како дома. Засекогаш ќе го носам Јувентус во срцето“, додаде Ди Марија, кој го облече дресот на Јувентус минатото лето кога без обесштетување дојде од ПСЖ. ег/

Фото: Твитер

Остани поврзан