• петок, 22 ноември 2024

Директорот на БЈБ Тасевски во посета на јужната граница заедно со италијанскиот амбасадор Силвестри

Директорот на БЈБ Тасевски во посета на јужната граница заедно со италијанскиот амбасадор Силвестри
Скопје, 7 јули 2021 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, денеска заедно со делегација од Република Италија, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри и полициското аташе Диего Морели ја посетија јужната граница, поточно Гевгелискиот и Дојранскиот регион. Делегацијата, како што информираат од МВР, го посетила граничниот премин Богородица од каде се упатиле кон местото викано „Вршник Бара“, каде бил презентиран начинот на обезбедување на државната, т.е. зелената граница, како и современите технички средства за обезбедување на границата. Во рамки на посетата, се вели во соопштенитео, делегацијата направила обиколка и на местото викано „Чука“, каде пред присутните биле посочени најчестите места кои мигрантите ги користат за илегално преминување на границата. Дополнително биле посетени и граничниот Камен 59, место познато од периодот на мигрантската криза, како и привремениот транзитен центар „Винојуг“. Посетата на делегацијата на јужната граница, како што информираат од МВР, завршила со работна средба на граничниот премин Дојран, каде од надлежните била запознаена со трендовите на илегална миграција во Дојранскиот регион. Амбасадорот Силвестри, се вели во соопштението, изразил исклучително задоволство од начинот на справување на нашата полиција со мигрантската криза, истакнувајќи ја нејзината клучна улога во менаџирањето и спречувањето на илегалната миграција. аа/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан