• вторник, 26 ноември 2024

Димковски: Започна исплатата на „зелена нафта“ четири милиони евра кон 50.000 земјоделци

Димковски: Започна исплатата на „зелена нафта“ четири милиони евра кон 50.000 земјоделци
Скопје, 1 октомври 2002 Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Владата и институции предводени од СДСМ продолжуваат со конкретна грижа за сите граѓани. Посветени сме на инвестиции во земјоделството со цел зголемување и поголема конкурентност на домашното земјоделско производство. Започна распределбата на картичките за „зелена нафта“. Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 милиони денари или околу четири милиони евра за субвенционирана нафта за земјоделска механизација. Распределбата ќе се одвива во цел месец октомври со цел земјоделците навремено да ја добијат оваа мерка која значи помали трошоци. Со субвенционирата нафта ги олеснуваме условите за работа на домашните земјоделци и поттикнуваме зголемување на домашното земјоделско производство. Тоа е особено важно во време на светска криза, кога се јавува недостиг на храна и земјоделски производи. Истовремено, исплативме субвенции за 6.396 млекопроизводители во вкупна вредност од над 153 милиони денари. Ова е субвенција за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот март, април и мај 2021 година, а веќе започна подготовката на налозите за исплата за јуни и јули. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети. Со одговорни и навремени мерки за намалување на трошоците на земјоделците го зголемуваме домашното производство на храна. СДСМ и во време на криза останува партнер и поддршка на сите земјоделци. Прес-конференција на претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковски https://www.youtube.com/watch?v=cHIK2jk1Tbs ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан