• понеделник, 23 декември 2024

Димитров: Не патувајте

Димитров: Не патувајте
Скопје, 16 март 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва апелираше граѓаните да се воздржат од патување во странство.
Димитров на прес-конференција во Владата упати порака и до оние наши државјани кои имаат регулуран статус и престој да останат во државите каде што престојуваат.
Приоритет на МНР во моментов се граѓаните кои се заглавени на граничните премини во трети држави.
Групата од 200 македонски државјани кои беа запрени на српско- унгарската граница се пренасочени преку Романија и Бугарија и во утринските часови треба да пристигнат на Деве Баир, информира Димитров.
Посочи и дека има најави од ЕУ за можни рестрикции во движењето на луѓето поради ширењето на коронавирусот.са/

Остани поврзан