• понеделник, 23 декември 2024

Димитриевски положи венец во Аушвиц, на церемонијата присутни и претседателката на ЕП Мецола и еврокомесарот Вархеји

Димитриевски положи венец во Аушвиц, на церемонијата присутни и претседателката на ЕП Мецола и еврокомесарот Вархеји
Куманово, 8 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, положил венец на Ѕидот на смртта во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц. Димитриевски, во име на Општина Куманово го положи венецот на покана на Европската еврејска асоцијација. На церемонијата, како што информираат од неговиот кабинет, присуствувале и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, секретарот на Националното собрание на Франција пратеничката Каролин Јанвиер, претседателот на Парламентот на Република Чешка Маркета Пекарова, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и други членови на парламенти од 23 европски земји. - Концентрациониот логор Аушвиц, каде биле депортирани Евреите за време на Втората светска војна е сведоштво за најсуровото злосторство во историјата на човештвото. Наша мисија е да не дозволиме никогаш повеќе да се случи такво зло на ниту еден човек, припадник на која било религија или нација, истакнал Димитриевски, се наведува во соопштението. Овогодинешниот симпозиум, се посочува во соопштението, се осврнува на потребата за образование за холокаустот како важен приоритет, но исто така ги разгледува и прашањата за заштита на иднината на еврејските заедници. цр/сп/

Остани поврзан