• понеделник, 23 декември 2024

ДИК објави конечни резултати во неколку општини, се разгледуваат и приговорите поднесени од политичките партии

ДИК објави конечни резултати во неколку општини, се разгледуваат и приговорите поднесени од политичките партии
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Државната изборна комисија денеска ја одржа 38-та седница на која одлучуваше по поднесените приговори од подносителите на листи и предлог дополна на заклучок за известување на конечни резултати во неколку општини. До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 15 приговори поднесени од ДУИ - пет, ТМРО - седум и Група избирачи Енвер Пајазити - три. ДИК ги разгледа приговорите, при што седумте приговори на ТМРО во Старо Нагоричане беа отфрлени, со образложение дека согласно Член 148 од Изборниот законик не се поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК. Тие се поднесени до општинските изборни комисии, што е спротивно на Изборниот законик, а воедно и не се потпишани од овластен претставник. По поднесени три приговори на Демократската унија за интеграција за Општина Студеничани, за заштита на избирачко право на подносителите листи, со образложение дека бројот на гласачите не се совпаѓа со вкупниот број на гласачки ливчиња, ДИК одлучи да се отвори материјалот врз основа на член 147, точка 10, за да се види фактичката состојба. Со објаснување дека приговорите немаат основа, членовите на Комисијата едногласно изгласаа дека се одбиени трите приговори на ДУИ. Политичката партија ДУИ поднесе и два приговори за Општина Желино, со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта. Согласно член 148, став 3 ДИК едногласно одлучи да биде отворена избирачката кутија со цел да се утврди дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на избирачкото место 2107, а потоа и да се утврдат неправилностите во гласањето со отпечаток од прст. За да утврди дали имало неправилности Комисијата побара да ОИК од Желино да и достави посебни обрасци на избирачките списоци со решенија за запишување на посебно избирачко право. По повлекување на приговорите од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за изборните резултати во вториот круг во неколку општини, претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги објави конечните резултати во Конче – Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ, Кочани – Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, Пробиштип – Драган Анастасов од СДСМ, Чешиново-Облешево – Далибор Ангелов од СДСМ, Шуто Оризари – Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ. Седницата на Државната изборна комисија сè уште трае. Се разгледуваат приговорите на групата избирачи Енвер Пајази за Брвеница. ки/сст/

Остани поврзан