• петок, 12 декември 2025

Дибала пред трансфер со аргентински клуб

Дибала пред трансфер со аргентински клуб

Буенос Аирес, 12.декември 2025 (МИА) – Во фудбалските кругови во Аргентина се појави вест за трансфер на аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала во екипата на Бока Јуниорс. Прв реагираше директорот на клубот и потенцијалниот трансфер го опиша како сложена мешавина на „сон и вистина“.

Тој потенцираше дека клубот од Буенос Аирес е подготвен да вложи напор за да го обезбеди потписот на фудбалерот. Потенцијален трансфер е можен и Дибала Рим да го замени со Буенос Аирес.

Фудбалерот има уште шест месеци од актуелниот договор со Рома што значи дека од јануари може да преговара со други екипи, кои би го донеле без обесштетување на крајот од сезоната. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан