ДЗС организираше работилница на тема „Подобрување на достапноста и користењето на официјалната статистика во Северна Македонија“
- Државниот завод за статистика на Северна Македонија, заедно со Заводот за статистика на Шведска денеска одржаа работилница на која се дискутираше за подобрување на надворешната комуникација н
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Државниот завод за статистика, во соработка со Заводот за статистика на Шведска денеска одржа работилница на која се дискутираше за подобрување на надворешната комуникација на ДЗС и подготовка на нова комуникациска стратегија.
Во Младинскиот културен центар, на денешната работилница преку интерактивна дискусија се говореше за понатамошниот придонес кон подготовка на издржана стратегија за комуникација.
Главните прашања и теми што се покренаа беа околу тоа како медиумите ги користат статистичките податоци, дали има пристап до податоците и што недостасува во официјалната статистика.
Работилницата се организира во рамки на проектот „Подобрување на достапноста и користењето на официјалната статистика во Северна Македонија“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка - СИДА, а имплементиран во соработка со Заводот за статистика на Шведска. ки/сп/