• петок, 22 ноември 2024

ДЗР: Недоволни мерките за воспоставување на концептот за еднакви можности на жените и мажите

ДЗР: Недоволни мерките за воспоставување на концептот за еднакви можности на жените и мажите
Скопје, 11 јуни 2022 (МИА) - Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за да обезбедат ефективно воспоставување на концептот на еднаквите можности на жените и мажите во процесите на креирање и спроведување на политиките. Целта на воведување на концептот на родова еднаквост на жените и мажите во сите институции е намалување на јазот помеѓу жените и мажите во сите делови на општеството, кој треба да се потпира на најдобрите национални и меѓународни практики, бидејќи родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество и обврска за државата која произлегува од Агендата за одржлив развој 2020 – 2030. Во насока на обезбедување на потребни информации и податоци за тоа дали активностите кои се преземаат од надлежните институции на централно ниво обезбедуваат услови за унапредување на родовата еднаквост, извршена е ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките на Владата на Република Северна Македонија за родова еднаквост и соодветни родови буџетски иницијативи“, за период од 2018 до 2020 година, а дадени се состојби и настани и последователно до денот на известување од извршената ревизија. 2 Ревизијата на успешност е спроведена со цел да даде оценка за состојбата со родовата еднаквост во државата и институциите во РСМ и да даде придонес во зголемување на ефективноста на процесот на воведување на родовата еднаквост, преку утврдување на одредени слабости/недоречености во законската и подзаконската регулатива, надлежноста, финансирањето, кадровската екипираност, комуникацијата и соработката на институциите надлежни за воспоставување на родова еднаквост во РСМ, следење на степенот на реализација на целите и мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции за подобрување на состојбите во областа предмет на ревизија. Состојба на населението1 по пол: Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да биде даден следниот заклучок: Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за да обезбедат ефективно воспоставување на концептот на еднаквите можности на жените и мажите во процесите на креирање и спроведување на политиките, следење на постигнувањето на целите на родово одговорно буџетирање во сите фази од циклусот на креирање политики: откривање и проценка на проблемот, буџетирање, спроведување, следење и евалуација и остварување на целите на Агендата за одржлив развој 2020 – 2030. Од надлежните институции во РСМ на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна Стратегија за родова еднаквост, Националните планови за акција и Оперативните планови и поради отсуство на мерливи индикатори не може целосно да се следи напредокот на остварените резултати и исполнетоста на специфичните цели. Не е донесена ниту Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година од страна на Собранието на РСМ. 1 Попис на населението, домаќинствата и становите во РСМ во 2021 година има 1.836.713 жители. 3 Ревизорите утврдиле и недоволна координација и комуникација помеѓу надлежните институции, недостиг на финансиски средства за спроведување и имплементација на процесот на родова еднаквост и родово одговорно буџетирање. На институционално ниво потребно е преземање на активности за подигнување на свеста за значењето на родовата еднаквост на раководните лица во институциите, подобрување на кадровската екипираност за спроведување на процесот на родова еднаквост, како и континуирано стручно усовршување на вработените во институциите за родова еднаквост. Исто така, не се прецизно утврдени ниту активностите, начинот на кој треба да се спроведат и не се создадени целосни услови за спроведување на процесот на родово одговорно буџетирање во сите фази кој опфаќа проценка на проблемот, буџетирање, спроведување, следење и евалуација од страна на надлежните институции во државата. Во Законот за буџетите не е уреден концептот на родово одговорно буџетирање и не се усогласени останатите закони во делот на родовата еднаквост што придонесува за ненавремено и целосно исполнување на родовите цели. Во програмите предвидени со родово буџетските изјави не се поставени соодветни мерливи индикатори и не е извршено сублимирање на постигнатите резултати и прогресот со цел донесување на одлуки за понатамошниот тек на програмите. Констатиравме отсуство на систематизирани работните места координатор за родова еднаквост во министерствата и поголемите органи на државна управа со што не се обезбедува континуитет во спроведување на процесот на родовата еднаквост и родово одговорно буџетирање. Ревизорите ја истакнуваат потребата од зајакнување на улогата на комисијата за еднакви можности на жените и мажите, вршење на проценка на влијание на регулативата врз жените и мажите и спроведувањето на пост законодавен надзор. Наведената состојба има влијание врз ефективноста на спроведувањето на процесот на родова еднаквост и врз бавната динамика во имплементацијата на родово одговорно буџетирање од органите на државната управа на централно ниво, кој има за цел да осигура дека предвидените и алоцирани средства еднакво ги земаат предвид и одговараат на потребите, интересите, приоритетите и на жените и на мажите. 4 Со реализацијата на потребните активности во областа која е предмет на ревизија ќе се придонесе за подобрување на родовата еднаквост во РСМ, а со тоа и на целокупниот процес на родова еднаквост во РСМ. Активностите на ревизијата на успешност имаат за цел да помогнат во иднина надлежните институции да се фокусираат на исполнување на поставените постулати за подобрување на состојбите со родовата еднаквост во РСМ. Со ревизијата на успешност беа опфатени: Влада на РСМ - Генерален секретаријат на Владата на РСМ; Собрание на РСМ; Министерство за труд и социјална политика; Министерство за одбрана; МФ; Министерство за надворешни работи; МЖСПП; МЕ; МЗШВ и Агенција за млади и спорт, а за состојбата и преземените мерки за унапредување на еднаквото учество на жените и мажите во политичките партии беа доставени прашалници до шест политички партии. Државен завод за ревизија ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан