• вторник, 24 декември 2024

ДЗР ги објави ревизорските извештаи за ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар - Скопје

ДЗР ги објави ревизорските извештаи за ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар - Скопје
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи од извршената ревизија на усогласеност на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар - Скопје, каде е утврдено дека е нарушена независноста на единицата за внатрешна ревизија, пописот не е спроведен во целост, не е воспоставена евиденција на потрошокот на залихи по организациони единиции пациенти не е воспоставена и не донесени нормативи за количината на материјали кои се користат при давање на определена здравствена услуга, а констатирано е и несоодветна примена на Законот за јавните набавки. Клучните препораки на ДЗР се обезбедување на организациска независност на одделението за внатрешна ревизија, целосно спроведување на редовниот годишен попис, воспоставување на целосна евиденција на потрошокот на залихи по пациенти и носење на нормативи за количините на материјали кои се користат при давање на определена здравствена услуга, обезбедување на доследна примена на одредбите од Законот за јавните набавки. Освен тоа, утврдени се и неколку точки како што се ангажирањето се 17 лица со договор за дело за работни места предвидени со Актот за систематизација на работните места, а од друга страна во текот на 2020 година клиниката добила согласност за редовно вработување на 17 лица, при што осум од предвидените работни места се идентични со работните места за кои се ангажирани лица со договор на дело, како и во дел од спроведените постапки за јавна набавка исто така констатирано е несоодветна примена на Законот за јавните набавки. Во тој однос препораките на ДЗР се ангажирањето на лица со договор на дело да се врши согласно реалните потреби на Клиниката имајќи предвид бројот на редовно вработени лица и обемот на извршените здравствени услуги, како и преземање на активности за доследно почитување на одредбите на Законот за јавните набавки.сх/са/

Остани поврзан