• петок, 05 декември 2025

ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи на Државното правобранителство на Република Северна Македонија (две сметки)

ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи на Државното правобранителство на Република Северна Македонија (две сметки)

Скопје, 2 јули 2025

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Државното правобранителство  на Република Северна Македонија (две сметки).

Ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност 

Неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната
вредност и исправката на вредност на опремата;
 несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од
300 евра во денарска противвредност;
 начинот на вршење на пописот не е во согласност со законската регулатива;
 недефиниран начин на користење и располагање со недвижен имот и нерегулиран начин
на подмирување на заеднички трошоци за греење;
 ангажирање на лица по договор на дело за работни места и задачи предвидени со актот за
систематизација;
 не е назначен одговорен сметководител;
 недвижниот имот во кој е сместено државното правобранителство за подрачје Тетово не е
осигурен од пожари и други непогоди и
 недоследности во процесот на спроведување на постапките за доделување на договори за
јавни набавки
 остварување на приходи кои согласно Законот за Државното правобранителство се приход
на Буџетот на Република Северна Македонија. 

Системски слабости: 

 недефинирана постапка за оценување на квалитетот и ажурноста на работењето и
спроведување на дисциплинска постапка за државните правобранители;
 регулирање на правото на надоместок за одвоен живот на државните правобранители
за време на нивниот временски неограничен мандат и
 дефинирање на процесот на авансно плаќање и поврат на трошоците за постапки за
извршување
 не е јасно прецизирано кој треба да остварува приходи по основ на награда на членови
на одбор на доверители во стечајни постапки во кои Република Северна Македонија
има побарувања, а истата е застапувана од страна на Државното правобранителство. 

 

https://dzr.mk/mk/250702-revizija-na-regularnost-2024-drzhavno-pravobranitelstvo-na-republika-severna-makedonija

Државен завод за ревизија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан