Десетици мигранти се обиделе со пливање да преминат од Мароко во шпанската енклава Сеута
- -Многу од мигрантите кои пристигнаа во изминатите 24 часа се фатени на плажа во енклавата Сеута, веднаш до границата со Мароко, изјави портпаролот на Цивилната гарда во Сеута.
Сеута, 26 август 2024 (МИА) - Десетици мигранти го препливале растојанието од Мароко до шпанската енклава Сеута, соопшти локалната полиција, цитирана од британските медиуми.
Двете шпански енклави Сеута и Мелиља се единствените територии на Европската унија што граничат директно со Африка.
-Многу од мигрантите кои пристигнаа во изминатите 24 часа се фатени на плажа во енклавата Сеута, веднаш до границата со Мароко, изјави портпаролот на Цивилната гарда во Сеута.
„Имаше притисок и се справивме со тоа заедно со Мароко“, рече тој.
Цивилната гарда одби да каже точно колку луѓе се обиделе да преминат, а колку биле вратени назад во Мароко. Портпаролот додаде дека маглата се кренала утринава.
-Луѓето кои ја преминуваат границата ги задржува полицијата и ги враќа назад во Мароко, освен доколку не се малолетни или не бараат азил, додаде портпаролот.
Пред две години, најмалку 23 лица загинаа во стампедо кога околу 2.000 мигранти се обидоа да влезат во Мелила, рушејќи ја граничната ограда.сд/
фото:МИА архива