• петок, 05 јули 2024

Демонстрантите го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази (видео)

Демонстрантите го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази (видео)
Бенгази, 13 септември 2020 (МИА) - Демонстрантите денеска го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази, вториот по големина град во Либија, каде е направена значителна материјална штета, соопштија извори блиски до безбедносните сили. -Група демонстранти рано утрово го нападна Советот на министри, подметнаа пожар и побегнаа, изјави извор близок до Министерството за внатрешни работи на паралелната влада во Либија. Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото и го изгаснале пожарот, во кој е уништен главниот влез на зградата. Либија се наоѓа во целосен хаос од 2011 година, кога долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи беше симнат од власт и набрзо потоа убиен. Либија од 2015 година е поделена меѓу двете ривалски влади, бунтовничката на истокот од земјата и меѓународно признатата во Триполи. сд/

 

Остани поврзан