• сабота, 16 ноември 2024

Демант на МВР

Демант на МВР

Скопје, 5 јуни 2023 

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите објавени во порталот Нетпрес за наводно, како што пишува порталот, вадење на син на висок функционер на МВР од наркоинцидент во кој настрадал полицаец. Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало вадење ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран син на висок функционер во случајот. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата.

Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува. Бараме порталот Нетпрес да ја повлече дезинформацијата и да го објави овој демант. 

МВР продолжува со бескомпромисната борба против секаков вид на криминал, што го покажуваат и статистиките за сериозно намален криминалитет поради доброто работење на полицијата. И во наредниот период полицијата продолжува со иста посветеност, се во интерес на безбедноста на граѓаните.

Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан