Делчев - Тодев: На шумски полициски службеници им е зголемена членарина за синдикат, немаат можност за отчленување
- Од прес-конференцијата беше побарано и да се посвети повеќе внимание на шумските полицајци, како на пример да добијат нови возила, оние кои имаат неопходна потреба од тоа.
Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - На полициски службеници им била зголемена членарина за синдикат, а немаат можност за отчленување, информираше Гоце Делчев - Тодев, генерален секретар на Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), на денешната прес-конференција во Скопје.
Над двесте лица од целата држава сакале да се отчленат од спорниот гранков синдикат на КСОМ. Но, како што беше кажано на прес-конференцијата, отчленувањето им било оневозможено.
- Членовите на овој гранков синдикат не се задоволни од новото раководство. Бараме објаснување зошто толку луѓе се држат во заложништво. Бараме да се одржат избори и да се види колку луѓе сакаат да се отчленат од синдикатот, рече тој.
Спорниот синдикат, како што рече тој, веќе не е дел од КСОМ.
Шумскиот полицаец Ферди Алиу рече дека поднеле барање за отчленување од спорниот синдикат, но, досега не добиле одговор.
Од прес-конференцијата беше побарано и да се посвети повеќе внимание на шумските полицајци, како на пример да добијат нови возила, оние кои имаат неопходна потреба од тоа. бд/са/
Фото: МИА