• петок, 19 јули 2024

Делумно затворање на улицата „Бутелска“ поради реконструкција

Делумно затворање на улицата „Бутелска“ поради реконструкција
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека од денеска, поради извршување на градежни активности за реконструкција на коловозот, на дел од улица „Бутелска“, на потегот од крстосницата со улица „Александар Урдаревски“ до надпатник со државен пат А2, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. -Времениот сообраќаен режим ќе биде означен со соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се однесува на делумно затворање на улицата „Бутелска“, во општина Бутел, информираат од Град Скопје. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.ир/са/

Остани поврзан