• понеделник, 23 декември 2024

Делегацијата на Влада положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повот Денот на Армијата

Делегацијата на Влада положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повот Денот на Армијата

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, денеска положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, по повод Денот на Армијата.

На денешен ден во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“, како прва регуларна воена единица во Народно ослободителната војна, која прерасна во ослободителна војска и се вгради во темелите на македонската држава.

Армијата на Република Северна Македонија денес е институција во која граѓаните имаат највисока доверба и која континуирано демонстрира професионалност и подготвеност во своето дејствување согласно стандардите на НАТО. Таа активно придонесува во справувањето со современите предизвици и во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност преку учество во меѓународни мировни мисии. сан/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан