• понеделник, 23 декември 2024

Двомеч на млади шахисти и сениори од Гевгелија и Струмица

Двомеч на млади шахисти и сениори од Гевгелија и Струмица
Гевгелија, 6 јуни 2022 (МИА) - Шаховскиот турнир за деца и сениори, на кој настапија членови на шаховските клубови 7 Ноември од Гевгелија и Цареви Кули од Струмица, мина во пријателска атмосфера и ветување од учесниците дека ќе продолжи да се организира и понатаму во двата града. Овој пат турнирот се играше во Гевгелија. Во конкуренција на деца настапија 16 играчи, поделени во две групи од кои подоцна се формираа полуфинални и финални двојки за да се стигне до вкупниот победник Кристијан Кавазов од Гевгелија кој за нијанса беше подобар од струмичанецот Михаил Танушев. И во сениорскиот дуел подобри беа домаќините и организаторите на турнирот, шахистите на 7 Ноември кои на крајот ги победија гостите од Струмица со вкупен резултат од 3:2. им/зс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан