• вторник, 24 декември 2024

Дводневен семинар на Фондот на Холокаустот на Евреите: „Музејска едукација - музејски калеидоскоп“

Дводневен семинар на Фондот на Холокаустот на Евреите: „Музејска едукација - музејски калеидоскоп“
Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Во организација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија денеска и утре ќе се одржи семинар на тема „Музејска едукација - музејски калеидоскоп“. На семинарот, што ќе се одржи во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, предавачи ќе бидат вишиот кустос-педагог и раководител на Одделението за педагошка работа и односи со јавност Слаѓана Велендачиќ и вишот кустос-археолог и директор на Музејот на Војводина, Тијана Станковиќ Пештерац. Семинарот е во рамки  на проектот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на меѓународниот проект „Едукон“, поддржан од британската фондација Хедли Траст. Менаџер на проектот „Едукон“ е Ирена Ружин, а координатор Жаклина Мучева. Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје. Во текот на оваа година ќе бидат реализирани семинари на повеќе теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и др. во соработка со искусни предавачи од Балканот. сп/

Остани поврзан