• петок, 22 ноември 2024

Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер

Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер
Хаг, 20 јули 2020 (МИА) - Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер во Карипско Море, во близина на Аруба, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана. Хеликоптер NH90 се урна шри крајот на редовното патролирање, а Министерството соопшти дека се истражува причината за падот на леталото. Загинале пилотот и тактичкиот координатор, а другите двајца членови на екипажот преживеале без посериозни повреди. Спасувачки бродови се обидуваат да ги пронајдат остатоците од хеликоптерот и црната кутија. Сите хеликоптери од овој тип се повлечени од употреба додека трае истрагата. гт/

Остани поврзан