• сабота, 18 мај 2024

Две бараки зафатени со пожар во Драчево, нема повредени

Две бараки зафатени со пожар во Драчево, нема повредени

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Две бараки на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево вечерва биле зафатени со пожар, кој по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е локализиран.

- Нема повредени во пожарат,  а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје. 

Интервенирано е со 25 пожарникари и девет противпожарни возила.

Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал на   кровна конструкција од барака на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево.лв/цр

фото: МИА архива 

Остани поврзан