• сабота, 23 ноември 2024

Два нови романи од Оливера Ширгоска, романсиерка од Кичево

Два нови романи од Оливера Ширгоска, романсиерка од Кичево
Кичево, 12 јуни 2021 (МИА) - Најплодната романсиерка од Кичево, Оливера Ширгоска ги издаде двата нови романи „Исповед“ и „Прекрасен странец“, кои ја надополнуваат збирката романи на оваа прозаистка и поетеса, откако претходно ги издаде романите „ Ања“, „ Срце“ и „Скандал“. - Во услови на пандемија кога поголемиот дел од денот го поминуваме во домот, ми остави доволно време да се посветам на мојата љубов пишувањето. Инспирацијата за романот „Исповед“ дојде како инспирација по разговорот од незадоволството и огорченоста на родителите кои се повеќе се соочуват со проблемот на зависност од коцка и игри на среќа кај младите, кои буквално денот го поминуваат во просторија која ги носи на маргините на животот, вели за својот роман авторката Ширгоска и посочува дека нивната опседнатост по пари оди до бескрај до толку што  и родителите се немоќни пред тој предизвик што ги плаши и самите нив. Ширгоска за романот „Прекрасен странец“ сака да стави акцент на членството и другарувањето во здружението „Вешта жена“ и самиот роман претставува една симбиоза на љубовен и семеен роман, каде главните хероини мајките на девојчината ќе бидат членки на ова здружение и приказната го следи животниот пат на Милка мајката на Симона и нејзиниот живот, кој ќе биде исполнет со падови и подеми но и живот кој ќе и донесе и неизмерна радост. Ширгоска нагласи  дека овој роман го пишувала цели три години со подолги паузи. Покрај романите таа има издадено и пет стихозбирки и тоа: „Сиот мој блуз“,„Љубовен танц“,„Крилјата на љубовта“ и „Благослови“, како и збирката раскази „Девојчето  со стаклени очи“. за/цр

Остани поврзан