• понеделник, 23 декември 2024

Двајца од Борусија Менхенгладбах позитивни на коронавирус

Двајца од Борусија Менхенгладбах позитивни на коронавирус
Менхенгладбах, 5 мај 2020 (МИА) - Две лица од германскиот тим Борусија (Менхенгладбах) покажаа позитивни мостри на тестови за коронавирус, пренесува „Рајнише Пост“. Според изданието, со КОВИД-19 се заразени еден фудбалер од првиот тим и еден вработен во клубот. Тие се ставени под карантин дома. Другите играчи продолжуваат да тренираат во мали групи во клупската база. Се очекува сезоната во Бундеслигата да биде обновена на 15 мај, но пред тоа, сите играчи и клупски претставници ќе бидат тестирани двапати за коронавирус. По првите студии, тестирани се повеќе од 1.700 луѓе од 36 екипи во првата и втората Бундеслига, од кои 10 се позитивни на инфекцијата. Вториот тест е во четврток.

Остани поврзан