Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи
- Починал дваесет и четиригодишен кичевец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69) од селото Србица.
![Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи](https://new.mia.mk/images/20221113174144_big_730x400_92.webp )
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Починал дваесет и четиригодишен кичевец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69) од селото Србица.
-Во ОВР Кичево вчера во 17.40 часот било пријавено дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69) од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово, соопштија од МВР.
Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.бт/