• сабота, 23 ноември 2024

Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ – Струмица, препорачува Владата

Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ – Струмица, препорачува Владата
Скопје, 19 јануари 2021 (МИА) - Владата денеска на 40-та седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица. Како што информира владината прес-служба, Владата донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица. И Здружението на граѓани „Обнова Глобал“ - Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал“ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава. Како што се наведува во соопштението на здружението, паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка – 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје. -Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал“ - Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини, стои во соопштението на здружението на граѓани. мд/дма/

Остани поврзан