• понеделник, 23 декември 2024

Дарманен: Марин Ле Пен би можела да победи на претседателските избори во Франција во 2027 година

Дарманен: Марин Ле Пен би можела да победи на претседателските избори во Франција во 2027 година

Париз, 25 август 2023 (МИА) - Пратеничката во францускиот Парламент и претседателка на десничарската партија Национална алијанса, Марин Ле Пен, би можела да победи на следните претседателски избори во 2027 година, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

„Ако дозволиме голем дел од работничката и средната класа да одат на страната на Марин Ле Пен, повисоките класи нема да не поддржат во вториот круг. Клучните прашања се социјалните - платите, работниот век, трошоците за живот и поддршката на семејството. Тоа е она што може да доведе до изборот на Марин Ле Пен во 2027 година, а не прашањето за миграцијата“, рече Дарманен, кој многумина го сметаат за потенцијален кандидат на десниот центар на претседателските избори, пишува Гардијан.

Тој посочи дека луѓето од работничката класа сакаат „враќање на власта во училиштата и на улиците, повеќе цврстина во судскиот систем и полицијата и да можат да живеат од плодовите на својот труд“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан