• понеделник, 23 декември 2024

Дали недостигот од кабли ќе им пресуди на класичните автомобили?

Дали недостигот од кабли ќе им пресуди на класичните автомобили?
31 мај 2022 Хина Поради недостиг, предизвикан од војната во Украина, скромниот и евтин пакет кабли ѝ стана кошмар на автомобилската индрустрија. Поединци дури и предвидуваат забрзано заминување на автомобилите на бензин и дизел во историјата и посилно пробивање на електричните автомобили на пазарот. Залихи на автоделови, а особено кабли, се намалија поради војната во Украина и отежнати се, или нема никакви испораки од земјата, што е дом на значителен дел од светското производство. А, каблите од таму се вградуваат во стотици илјади автомобили. Овие ниско-технолошки делови со ниска маржа - направени од жица, пластика и од гума и со доста евтина работна рака, можеби не се како микрочиповите и моторите, но, без нив не можат да се произведуваат автомобили. Недостигот од нив може да ги забрза плановите на автомобилски компании, да се префрлат на новата генерација полесни, машински кабли дизајнирани за електрични возила, за на крајот да дојдат до главите на класичните автомобили, велат соговорници на Ројтерс од автомобилската индустрија. Многумина оценуваат оти тоа е причина плус, за индустријата да го забрза преминот на електричен погон. Бензинските и дизелските автомобили сè уште го сочинуваат најголемиот дел од продажбата на нови автомобили. Продажбата на електрични автомобили се удвои лани на четири милиони, но, според податоци на аналитичката куќа ЈАТО Динамикс, сè уште сочинува само шест отсто од глобалната продажба на возила. Извршниот директор на Нисан, Макото Учида за Ројтерс изјави дека нарушувањата на синџирот за снабдување, како украинската криза, ја поттикнаа компанијата на разговори со добавувачи за отстапување од досегашниот модел на производство кабли со ангажман на евтина работна сила. Но, производителите, истовремено, го преместуваат производството кабли во други земји со пониски трошоци. Така, Мерцедес-Бенз успеа да договори испорака од Мексико, а некои јапонски добавувачи се снабдуваат од Мароко, додека други бараат нови производни линии во Тунис, Полска, Србија или во Романија. И до 5 километри кабел во возило Во класичните автомобили на бензин и дизел, каблите вкупно може да бидат долги до пет километри, а поврзуваат сè - од грејачи на седишта до прозорци. Нивното производство е трудоинтензивно, а речиси секој модел е единствен, па тешко е брзо да се обезбеди алтернативно производство, во случај на негово прекинување со добро воспоставени добавувачи. Прекини во снабдувањето од Украина беа грубо будење за автомобилската индустрија. Производителите и добавувачите тврдат дека со почетокот на војната, тамошните фабрики останале отворени благодарение само на одлучноста на работниците, кои одржувале намалено производство, соочени со прекини на струја, предупредувања за воздушни напади и полициски час. Извршниот директор на Бентли, Адријан Халмарк изјави оти британскиот производител на луксузни автомобили, прво поради недостаток од кабли, се плашел од загуба од 30 до 40 отсто од своето производство во 2022 година. - Украинската криза им се закани со целосно затворање на нашите фабрики на неколку месеци, многу подолго, отколку поради Ковид-19, појасни Халмарк. Тој додаде дека наоѓањето алтернативни извори на производство е комплицирано, бидејќи за Бентли во Украина се произведувале 10 различни делови кај 10 добавувачи. Како што тој истакна, проблемите со снабдувањето дополнително го поттикна вложувањето во развојот на едноставен склоп на кабли за електрични возила, со што ќе контролира централниот компјутер. Новата генерација склопови со жичен волумен, присутна во електричните модели како Тесла, може да се направи на автоматизирани производни линии. Тие се и полесни, што е клучно за намалување на тежината на возилото и зголемување на опсегот. Многумина менаџери и експерти, со кои Ројтерс разговараше, тврдат оти автомобилите на фосилни горива, што се соочуваат со закана од забрана во Европа и во Кина, нема да „поживеат“ доволно, со цел да го оправдаат вложувањето во редизајнот на кабелските склопови. - Во моментов не би инвестирал ниту денар во мотори со внатрешно согорување, нагласи авто консултантот Сенди Мунро од Мичиген, кој проценува дека електричните возила ќе сочинуваат половина од глобалната продажба на нови автомобили до 2028 година. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан