• четврток, 19 декември 2024

Гутереш: Постои реален ризик од фрагментација на светските економски и финансиски системи

Гутереш: Постои реален ризик од фрагментација на светските економски и финансиски системи

Џакарта, 7 септември 2023 (МИА) - На последниот ден од Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Џакарта, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на опасноста од фрагментација и „голем слом“ на светските економски и финансиски системи.

Во говорот со широк опсег што ги допре геополитичките тензии, мултилатералните развојни финансии и климатските промени, Гутереш ги повика светските лидери да најдат мирни и инклузивни решенија за предизвиците со кои се соочува светот.

„Постои реална опасност од фрагментација - голем дефект на светските економски и финансиски системи, со различни стратегии во технологиите и вештачката интелигенција и конфликтни безбедносни рамки“, рече генералниот секретар на ОН.

Тој повика на механизам за да се обезбеди олеснување за економиите во развој загрозени од долгови, што ќе вклучи суспензии на плаќањата, подолги рокови за заеми и пониски каматни стапки.

Во говорот на самитот на АСЕАН, на кој присуствуваа претставници на САД, Кина, Јапонија и други земји, Гутереш исто така, изрази поддршка за реканализирање на дополнителни 100 милијарди американски долари од специјалните права на влечење на Меѓународниот монетарен фонд преку мултилатерални развојни банки за да се зголеми ликвидноста и да се поддржат потребите на економиите во развој. Богатите земји се согласија во 2021 година да ги пренасочат неискористените средства во сиромашните земји.

Генералниот секретар на ОН, исто така, рече дека останува „длабоко загрижен“ поради „влошувањето на политичката, хуманитарната и состојбата со човековите права“ во Мјанмар.

- Го повторувам мојот итен повик до воените власти на Мјанмар да ги слушаат аспирациите на својот народ, да ги ослободат сите политички затвореници и да ја отворат вратата за враќање на демократското владеење, рече тој.

Шефовите на земјите-членки на АСЕАН се очекува да имаат средба со претатвниците на Обединетите нации подоцна во текот на денот. ссм/

 

 

Остани поврзан