• сабота, 23 ноември 2024

Гутереш загрижен поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток

Гутереш загрижен поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток
Њујорк, 3 јануари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изрази загриженост поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток. - Генералниот секретар доследно се заложи за намалување на тензиите во Персискиот Залив, се вели во соопштението на неговиот портпарол Фархан Хак, кој додава дека Гутереш е „длабоко загрижен поради неодамнешната ескалација“. Ова е момент кога водачите треба да искажат максимална воздржаност, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека светот не може да си дозволи уште една војна во Заливот. паг/  

Остани поврзан