• недела, 17 ноември 2024

Гутереш: Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред тоа да не уништи нас

Гутереш: Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред тоа да не уништи нас

Њујорк, 3 март 2023 (МИА) - Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред да не уништаи нас, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

Упатувајќи порака по повод 5 март, Меѓународниот ден на свеста за разоружувањето, Гутереш истакна дека глобалните воени трошоци достигнале рекордно ниво.

Тој истакна дека оваа ситуација го зголемува ризикот од конфликт поради зголемената несигурност и глобалните конфликти на меѓународната сцена.

Нагласувајќи дека инвестирањето во мир, разоружување и неширење е инвестиција во нашата заедничка иднина, Гутереш порача: „Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред тоа да не уништи нас“.

Генералниот секретар на Светската организација истакна дека овие видови оружје и натаму претставуваат закана за човештвото. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан