• недела, 22 декември 2024

Груби: Пратениците кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ треба да дојдат во парламентарното мнозинство

Груби: Пратениците кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ треба да дојдат во парламентарното мнозинство
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред отворањето на третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“. - Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори, нагласи Груби. Одговарајќи на новинарски прашања, Груби рече дека Левица е таа што правела притисок врз пратениците да не ја искажат својата волја. - Јас не верувам дека во тие политички партии нема пратеници кои не сакаат Македонија да се зачлени во Европската Унија и да ги отпочне преговорите. ДУИ и ниту еден нејзин член нема вршено никаков притисок врз ниту еден од пратениците, напротив жалиме што тие политички партии ги ставија во заблуда своите пратеници и ги ставија во функција на уништување на европската агенда, истакна првиот вицепремиер. Груби, како што рече, се надева дека повеќе нема да им се врши притисок на пратениците и оти ќе ги остават да си гласаат по свои убедувања. - Се надевам дека лидерите на тие партии ќе им дозволат на своите пратеници да гласаат и да поддржуваат по лично убедување, додаде Груби. Тој нагласи дека се во комуникација со сите партии, освен со Левица со која немаат никакви контакти и нема ни да имаат. - Сите тие пратеници коишто се определени да ја видат нашата држава зачленета во ЕУ ќе дојдат во парламентарното мнозинство, рече Груби, додавајќи дека решението е сите пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија да дојдат во парламентарното мнозинство и да ја поддржуваат актуелната Влада. мс/сп/

Остани поврзан