• вторник, 24 декември 2024

Грлиќ - Радман за МИА: Да се почне со преговори, па останатите отворени прашања да се решаваат паралелно

Грлиќ - Радман за МИА: Да се почне со преговори, па останатите отворени прашања да се решаваат паралелно
Скопје, 18 јуни 2022 (МИА) - Северна Македонија е подготвена, сите услови се подготвени да се почнат пристапни преговори, очекуваме подготвеност и од Република Бугарија да се најде заедничко решение. Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решаваат и паралелно, вели во интервју за МИА шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ - Радман. Според него, сега е многу важно сега да се почне со пристапни преговори со цел на државите од Западен Балкан да им се испрати важна политичка порака, дека ЕУ е подготвена да се вклучи, дека Западен Балкан е дел од европскиот простор, дека тој е важен геополитички и геостратешки простор. Тој за МИА рече дека има навестувања оти сепак е можно на 23 јуни да се случи и да се организира меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, и тоа ќе биде еден позитивен исчекор напред, а потоа е можно усогласувања и договори меѓу Северна Македонија и Бугарија со поддршка на ЕУ. Со шефот на хрватската дипломатија разговараме и за унапредување на економската соработа меѓу Северна Македонија и Хрватска, кои минатиот месец одбележаа 30 години од воспоставувањето дипломатски односи. Министре Грлиќ - Радман, учествувате на Преспа форумот за дијалог што се совпаѓа со четиригодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа. Иако многумина сметаат дека тој е успешен и може да се користи како модел за решавање на други спорови, сепак четири години подоцна, Северна Македонија не почна преговори за членство. Како го оценувате Вие ова?

- Треба да се има предвид фактот дека Преспанскиот договор е круна и доказ на подготвеноста на оние страни што беа вклучени за негов договор, со посредство на ЕУ, да се постигне по долго време. Тоа е големо достигнување. Треба да се работи на него и сигурно може биде добар модел и потребно е да се има трпение. Северна Македонија е на добар пат за започнување пристапни преговори со Европската Унија. Пред 17 години, заедно кога и Хрватска, дури и нешто порано доби кандидатски статус за членство. Според тоа, сите услови се подготвени тука се да се почне, очекуваме подготвеност и од Република Бугарија да се најде заедничко решение. Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решаваат и паралелно. Мислам дека е многу важно сега да се почне со пристапни преговори со цел на државите од Западен Балкан да им се испрати важна политичка порака, дека ЕУ е подготвена да се вклучи, дека Западен Балкан е дел од европскиот простор, дека тој е важен геополитички и геостратешки простор и поради кризата во Украина, односно руската агресија врз Украина.

Се наоѓаме во нов геополитички контекст, на европско тло се случува војна што го постави членството во ЕУ како безбедносно прашање. Дали ова може да го забрза членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, со оглед на блокадата на Бугарија која останува на своите позиции, а сега таму има и внатрешни политички превирања. 

- Пред 17 години Северна Македонија беше подготвена, само постоеше вето на името. Сега тое е решено. Во меѓувреме Република Северна Македонија постигна многу што се однесува до демократизација на општеството, реформите, граѓанското општество, преземање на европските вредности што тука е многу видливо и тоа се гледа, има еден стабилен економски раст и секако проевропска ориентираност и на сите политички партии и граѓани кон членството во Европската Унија.

Така што отворањето на преговори дополнително би ја засилило довербата во ЕУ и ми се чини дека во однос на претходните истражувања - дека има малку повеќе евроскептици и очекувањата на граѓаните беа поголеми, и сега навистина треба да се испрати силна порака - дека ЕУ беше тука од почетокот, мора да верувате во ЕУ, таа ќе ви биде голем помагач. И моето присуство во Скопје и Охрид, ние сме членка на ЕУ, единствена која е присутна во Северна Македонија со над 15 или 16 твининг проекти, со кои ги зајакнуваме инстиуционалните капацитети во Северна Македонија, со цел таа како држава да зајакне во пристапните преговори.

Пораките од многу европски лидери, вклучително и од германскиот канцелар Олаф Шолц, кој минатата недела беше во посета на Скопје, се дека Северна Македонија направи се, сега е ред на ЕУ да испорача. Од друга страна, македонскиот премиер Димитар Ковачевски рече дека ние сме заложници на датуми на самитите на ЕУ. Како го коментите оваа ситуација?

- Пред се канцеларот Шолц дојде и навистина испрати силна порака и германско ангажирање за почеток на преговори со Северна Македонија. Секако, патот што Северна Македонија го помина во овие 17 години, што завршија со Преспанскиот договор и со Охридскиот договор, а подоцна и со Договорот за пријателство со Бугарија, може да придонесе за натамошен напредок и да воспостави еден нов период којшто секако ќе биде афирмаривен, бидејќи ние сакаме да ги видиме Северна Македонија и Албанија, и сите држави од Запаен Балкан во ЕУ, бидејќи тоа не е само во интерес на Северна Македонија и на Албанија, туку европската перспектива е во интерес на сите нас во ЕУ.

Тоа е простор на Европа, ние мора да бидеме тука повеќе присутни, и мора да го покажеме тоа преку нашите правни и политички инструменти, за да превенираме можно влијание од трети држави или прелевање на судири или домино ефект на одредени несигурности и одредени закани и нестабилности, што извираат како потенцијални закани.

Според тоа, кога е во прашање Западен Балкан, Европската Унија неодамна објави стратешки документ - Стратешки компас, најамбициозен документ на ЕУ за следната декада, што зборува за важноста на Западен Балкан во новата европска безбедносно-политичка архитектура. Таму се уфрлени неколку референци на залагање на Хрватска. Ние како сведоци или непосредни соседи најмногу знаеме за државите од Западен Балкан. Ние пред повеќе од 30 години делевме заедничка историја, ја знаеме ситуацијата, знаеме како од трагични судири од воени судири, каде имаше страдања и невини жртви, како да се постигне мир и сигурност и она што рече Шуман во својот трипитих - помирување, солидарност и мир се битни одредници на идиниата на Западен Балкан.

Ако некогаш бевме поделени во различностите, сега мора да бидеме обединети во различностите. Затоа мора сите актери и сите политички елити да приоднесат да се намалат тензиите и да се придонесе за постигнувањеа мир, демократски поредок, демократски општества, каде сите граѓани би уживале во плодовите на таквите вредности, што всушност се европски вредности што сакаме да ги видиме и овде.

На една седмица пред самитот на ЕУ, Франција најави дека до земјите-членки ќе испрати предлог за укинување на бугарското вето, по што бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го достави тој предлог до Народното Собрание.  Дали со ова има шанса за кревање на ветото и со тоа почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ до крајот на јуни?

- Мислам дека француското претседателство секако е важно. Франција сака да покаже дека, а таа тоа и е, дека е водечка држава во земјите-членки на ЕУ. И Франција и Германија се големи и одговорни земји. Францускиот претседател Макрон лани за време на посетата на Хрватска рече дека нему му е многу важен самитот за Западен Балкан и дека секако е заинтересиран и оти Франција силно ќе поддржи отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија, бидејќи тоа е и во интерес и за безбедноста на Европската Унија. Секако дека сега треба да се види и во Бугарија прашањето со владата и владината криза, но секако навестувањата се дека сепак е можно на 23 јуни да се случи и да се организира меѓувладина конференија, секако тоа ќе биде еден позитивен исчекор напред, а потоа можни се усогласувања и договори меѓу Северна Македонија и Бугарија со поддршка на ЕУ. Битно е да се придонесува за мирот и стабилноста и да се види на желбата на Северна Македонија која се определи за членство во ЕУ и оти сите сме заедно во европското семејство.

Украина, Молдавија и Грузија поднесоа кандидатури за членство во ЕУ, по што францускиот претседател Емануел Макрон предложи нов проект за формирање Европска политичка заедница, но како што беше образложено, тоа нема да биде замена за членство во ЕУ. Каков е Вашиот став?

- Ако се сеќавате, ако ja изземе од предвид ситуацијата во Украина, па да се вратиме од пред две години, кога Хрватска претседаваше со Советот на ЕУ, ние тогаш организиравме и покрај пандемијата Самит за Западен Балкан и тогаш успеавме да договориме документ - заедничка декларација за Западен Балкан, која говореше за Западен Балкан како логична политика на проширување. Тогаш залагањето на Хрватска беше дека Северна Македонија и Албанија, откако добија зелено светло на 2 март 2020 година, дека тие две  држави се подготвени дека ги исполниле условите и тогаш на Советот со кој претседаваше Хрватска, ја ставивме на нашата агенда расправата за тоа и сите земји се согласија дека може да се почнат пристапни прегворои, но тогаш немавме датум.

Тогаш ја немавме предвид европската појасна перспектива за Украина, Молдавија и Грузија, бидејќи нивната европска перспектива се водеше во формат на Источното партнерство. Ние тогаш исто така успеавме да организираме со претседателот на Европскиот совет виртуелен состанок со Источното партнерство и секако тоа беше наш придонес.

Секако дека треба да се има предвид дека земјите од Западен Балкан најпрво искажаа своја желба за стаус за кандидати, некои се веќе во преговори како што се Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија се на пат, на Косово му треба визна либерализација, Босна и Херцеговина мора да одговори на 14 критериуми или приоритети.

Сигурно и оваа криза во Украина ќе ги забрза овие процеси и секако ќе ги имаме предвид и барањата на Молдавија, Украина и Грузија. Таа иницијатива што ја кажа претседателот Макрон се уште не е сме ја виделе во формален облик, се се разгледува и се е во простор на јавна комуникација, но се уште не е разговараноа формално во телата на ЕУ и не треба да се фокусираме на изјавата на Макрон, туку на редовните процедури за стекнување кандидатски статус за членство, односно кога е во прашање добивање пристапни преговори.

Министре Грлиќ - Радман, Северна Македонија и Хрватска минатиот одбележаа 30 години од воспоставувањето дипломатски односи. Како го оценувате развојот на билатералните односи, има ли простор за унапредување на економската соработка? Дали хрватските инвеститори се заинтересирани за вложување во земјава?

- Ако одиме назад во историјата, тогаш ќе видиме дека секогаш сме имале политичка наклоност од Хрватска кон Северна Македонија и обратно, политиката ја следи економијата. Во Скопје имав состанок со министри и највисоки функционери и сите зборуваа за добрите економски и политички односи. Нема билатерално прашање што е отворено. Овде има малцинска заедница на Хрвати како што има и во Хрватска малцинска заедница на Македонци, ние меѓусебно се почитуваме малцинските заедници се наши мостови - но кога зборуваме за економијата, тука имаме растечки тренд.

Овде има над десетина хрватски компании кои работат во Северна Македонија и тука има простор за уште подобра соработка и има многу сезонски работници во Хрватска, бидејќи тие лесно се адаптираат и се секогаш се добредојдени во Хрватска.

Исто така и македонски фирми во Хрватска од областа на туризмот тука имаме заеднички искуства, имаме многу добра соработка, како и соработка во многу други подрачја. Разгледавме можност за средба на двете влади, каде би можеле во сите ресори каде има подрачја за унапредување на соработката. Постои соработка меѓу министерствата за здравство, култура, наука. Вчера потпишавме со колегата Бујар Османи и еден протокол за соработка на двете дипломатски академии. Постои интезивирана динамична соработка и секојдневно откриваме нови можности.

Неда Димова Прокиќ Видео: Срѓан Крстиќ

Остани поврзан