• понеделник, 23 декември 2024

Грковска: Законот за потекло на имот ќе даде сериозен придонес во борбата против корупцијата

Грковска: Законот за потекло на имот ќе даде сериозен придонес во борбата против корупцијата
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Законот за потекло на имот ќе даде сериозен придонес во борбата против корупцијата и организираниот криминал, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, истакна дека на состанокот на работната група за новиот Предлог закон за потекло на имот, кој се подготвува со поддршка на Делегацијата на Европската Унија и Советот на Европа. - Добро е што во подготовката се вклучени експерти од сите области и што сите сме согласни дека до конечното решение мора да дојдеме низ еден сеопфатен и инклузивен процес. Важно е решенијата во законот да бидат прецизни, недвосмислени, да нема преклопување или контрадикторност со постојните законски решенија, оцени вицепремиерката Грковска. Од владината прес-служба информираат дека на состанокот е презентирана работната верзија на законското решение, по што е дискутирано за сите отворени прашања, додека придонес во процесот на подготовка дадле и консултантите ангажирани од Советот на Европа, Мајкл Хопмиер и Лорна Харис. Работната група за подготовка на Законот за потекло на имот ја координираат Советот на Европа и Кабинетот задолжен за политики за добро владеење, а е составена од претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Канцеларијата за поврат на имот, Граѓанскиот суд, Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи и Државно правобранителство.сх/са/

Остани поврзан