• четврток, 18 јули 2024

Грковска - Григорјан: Заедничките проекти се во насока на унапредување на демократијата и воспоставување на стандарди за добро владеење

Грковска - Григорјан: Заедничките проекти се во насока на унапредување на демократијата и воспоставување на стандарди за добро владеење
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и нивната експертиза во областа на дигитализацијата и антикорупциските политики, како и идни заеднички активности кои се однесуваат на младите во државата беа тема на разговор на денешната средба во Скопје на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава. На средбата, информираат од владината прес-служба, Грковска се заблагодари за помошта и поддршката што во континуитет ја дава УНДП, во реализација на бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата. Таа нагласи дека од големо значење е експертската помош и размената на искуства во делот на дигитализација на јавните услуги, но и во креирањето на политики кои ќе понудат долгорочни и одржливи системски решенија, со посебен акцент на младите. Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации Армен Григорјан изрази задоволство од презентираните активности од работата на Кабинетот за спроведување на политики за добро владеење во изминатите 100 дена од мандатот, при што предложи почести состаноци помеѓу претставници на УНДП и Кабинетот, во насока на реализирање на заедничките активности. Григорјан изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области. На средбата беше разговарано и за севкупните активности на УНДП во нашата држава во повеќе области, вклучувајќи го демократското управување, младите, дигитализација на услугите на општинско ниво, но и дигитализација на процесите за работа во неколку државни институции кои се реализираат со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации.вј/дма/

Остани поврзан