• вторник, 25 јуни 2024

Грковска: Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција

Грковска: Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Дигитализацијата и сајбер безбедноста одат едно со друго затоа што во ситуација кога ги нудиме дигиталните услуги на граѓаните, треба исто така да им нудиме доверба дека користењето на таквите електронски услуги е безбедно, дека нивните податоци ќе бидат заштитени. Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Според Грковска, многу е важно денес да се зборува и да се посвети внимание на сајбер безбедноста имајќи ги предвид последните предизвици со кои се соочува светот глобално. - Искуството што Естонија го има е непроценливо, знаењето исто така. И за нас соработката со нив е исклучително значајна. Важно е да најдеме модел и начин како да ја зголемиме свесноста за опасностите кои дигиталниот свет ги носи.  потенцираше вицепремиерката, истакна Грковска во своето онлајн гостување во „Утрински брифинг“ од Талин. Вицепремиерката нагласи дека е многу важна политичката волја за да се стави ова прашање како приоритет.Исто така, Грковска ја потенцираше и потребата од соработка со бизнис секторот, посебно во делот на пријавување на сајбер напади.-Би требало да зборуваме и многу да работиме на зголемување на свесноста од сајбер нападите. Неопходна е соработката со бизнис секторот затоа што бизнис секторот треба да биде свесен за ваквите опасности, меѓутоа и да има храброст да пријавува за да може да бидат регистрирани и да се детектираат слабостите во системот, што довеле до тоа да бидат нападнати. Искуството во сите држави е исто дека приватните компании, во страв да не го нарушат својот углед во јавноста, најчесто не ни пријавуваат кога ќе бидат соочени со сајбер напад, што е грешка, додаде Грковска.бт/са/

Остани поврзан