• среда, 03 јули 2024

Грилиш ќе избира помеѓу три екипи

Грилиш ќе избира помеѓу три екипи
Бирмингем, 12 април 2020 (МИА) - Sвездата на Астон Вила и капитенот Џек Грелиш ќе избира меѓу три клуба во Премиер лигата за да ја продолжи својата кариера, според поранешниот напаѓач на тимот од Бирмингем, Дарен Бент. Се очекува Грилиш да замине на крајот на сезоната, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер подготвува 70 милиони фунти за 24-годишниот капитен на Вила. Поранешниот репрезентативец на Англија, Дарен Бент е импресиониран од Грилиш и очекува Манчестер Јунајтед, како и градските ривали Манчестер Сити и Тотенхем да бидат главните претенденти за потпишување на херојот на „вилани“. - Мислам дека Грилиш ги насочил очите кон три екипи. Би рекол веројатно Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и потенцијално Тотенхем ќе се борат за него. Мислам дека тој размислува да оди кај еден од нив. Веројатно би го ставил Манчестер Јунајтед како фаворит. Ако тоа не се случи и Вила не испадне, никогаш не знаете, но за мене тој се насочил кон овие три клуба, изјави поранешниот играч на Тотенхем, Астон Вила, Чарлтон и Сандерленд за „Фудбал инсајдер“.

Тагови

Остани поврзан