• четврток, 21 ноември 2024

Гризман: Со Меси се разбираме добро, сакам долго да играме заедно

Гризман: Со Меси се разбираме добро, сакам долго да играме заедно
Барселона, 9 септември 2020 (МИА) - Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман изјави дека е „многу добар со Меси и надвор од теренот“ и дека има желба да играат заедно долго време. Во вторникот, Гризман и помогна на репрезентацијата на Франција да ја победи Хрватска со 4:2 во натпреварот од Лигата на нации, а тој беше стрелец на првиот гол за „триколорите“. Говорејќи за неговиот клуб Барселона, тој во интервју за „РТЛ“ и „М6“ изјави дека ова е тешка година за сите на стадионот „Камп Ноу“. - Ова беше многу комплицирана сезона за сите и еве, ќе започнеме наскоро. Постојано ги слушам тие приказни за Меси, добро се сложуваме надвор од теренот. Во играта, исто е како со Килијан Мбапе. Отпрвин не можев да ги најдам вистинските додавања, ми требаше многу време да ги најдам. Исто е и со Лео, ќе дојде тоа, вели Гризман. Доаѓањето на Роналд Куман значи нов почеток за сите во Барселона. Францускиот напаѓач вели дека има доверба во Холанѓанецот и верува во подобри резултати на тимот следната сезона. Тој исто така рече дека сака да остане во Каталонија долго време. - Овде е многу убаво. Знам дека имам доверба од тренерите и сите во клубот. Оттука, јас сум желен да ги видам моите колеги повторно, сакам да сториме сè за да освоиме трофеи затоа што ова беше неуспешна сезона за клубот. Помина долго време откако Барселона не освоила трофеј. Сакам да им помогнам на моите колеги и повторно да победуваме заедно, заклучи Гризман.

Тагови

Остани поврзан