• сабота, 23 ноември 2024

Гризман и Јовиќ се најдоа во тимот на разочарувања во Ла Лига

Гризман и Јовиќ се најдоа во тимот на разочарувања во Ла Лига
Мадрид, 21 јули 2020 (МИА) – Реномираниот спортски весник во Шпанија „Марка“ го формираше симболичниот тим на разочарувања за сезоната 2019/20 во Ла Лига. На него помеѓу другите се најдоа и Антоан Гризман и Лука Јовиќ, двајцата напаѓачи кои беа најавувани како големи засилувања за Барселона и Реал Мадрид. Тим на разочарување во Шпанското фудбалско првенство: голман: Јаспер Килесен (Валенсија); одбрана: Јуниор Фирпо (Барселона), Фернандо Калеро (Еспањол), Тиери Кореја (Валенсија); среден ред: Жоао Феликс (Атлетико), Матиас Варгас (Еспањол), Денис Суарез (Селта), Рони Лопес (Севиља); напад: Борха Иглесијас (Бетис), Антоан Гризман (Барселона), Лука Јовиќ (Реал Мадрид). зс/

Остани поврзан