• петок, 05 декември 2025

Град Скопје: Современ, функционален ентериер и нова сензорна соба во средното училиште „Кочо Рацин“

Град Скопје: Современ, функционален ентериер и нова сензорна соба во средното училиште „Кочо Рацин“

Скопје, 28 јули 2025 (МИА) - Град Скопје информира за реконструкции во средното училиште „Кочо Рацин“ со кои, како што наведува, „училиштето има современ, функционален ентериер целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар“.

-Како дел од заложбата за унапредување на инклузивноста во образованието, во училиштето е поставена и нова сензорна соба, посебно дизајнирана за средношколците со попреченост, која претставува мирно и безбедно катче, приспособено на специфичните потреби на учениците, со цел подобрување на нивното секојдневно функционирање во училишната средина, соопшти Град Скопје. 

Сензорната соба е дел од проектот на Град Скопје за опремување на сите 23 средни училишта во градот со сензорни соби.

-Проектот континуирано се имплементира, со активности и адаптација на просторот во функција на поддршка на учениците со попреченост.  Град Скопје продолжува со нови инвестиции во средните училишта, а до почетокот на новата учебна година се предвидени и дополнителни инвестиции со што ја потврдуваме нашата посветеност кон создавање квалитетна, инклузивна и модерна средина за сите наши средношколци, се наведува во соопштението. хс/са/ 

Фото: Град Скопје 

Остани поврзан