• вторник, 24 декември 2024

„Градски паркинг“ со санкции за 145 непрописно паркирани возила на јавни површини

„Градски паркинг“ со санкции за 145 непрописно паркирани возила на јавни површини
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 145 возила од јавните површини, соопшти денеска Град Скопје. Непрописно паркираните возила, наведуваат, се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. - Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје. мс/лв/

Остани поврзан