• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот Смилевски го посети новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост

Градоначалникот Смилевски го посети новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Велмир Смилевски заедно со министерката  за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директор на Заводот за рехабилитација на деца и млади,  Фатмир Ејупи  денеска беа  во посета на новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост,  при Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади во Општина Бутел.
-Општина Бутел е модел за инклузивна општина во која сите се добредојдени  и  со тек на време се стреми да го подобри пристапот за сите граѓани и нивната вклученост во сите аспекти на локалниот живот. Во Општина Бутел изминатиов период се изгради инклузивно детско игралиште во Бутел 1  и се  адаптираше и опреми сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври“, работна единица „Ташко Караџа“ во населбата Радишани. Имајќи предвид дека е голем бројот на деца со развојни задоцнувања во претшколската возраст и дека тоа е период кога најмногу може да придонесеме за нивниот развој е всушност и причината поради која инвестираме во вакви содржини кои досега ги немаше во детските градинки, посочи Смилевски.
Тој додаде дека  во иднина, Бутел  планира да  спроведе проценка на тоа колку е пристапна општината за лица со попреченост и други ранливи групи, за да увиди што е тоа што функционира во смисла на инклузија, за што треба да се промени и подобри. ки/дма/

Остани поврзан