• петок, 22 ноември 2024

Градежни активности во населените места во општина Градско

Градежни активности во населените места во општина Градско

Велес, 29 март 2023 (МИА) - Почна изградбата на улица во село Водоврати во општина Градско. Изградбата на улицата е согласно програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година.

За оваа инвестиција Општина Градско издвои 1 милион и 257.814 денари. Улицата е во должина од 240 метри, а изведувач на градежните работи е фирмата  „ЕМРАХ ИНТЕРТРАНС“.

Од локалната самоуправа информираат дека во тек се и градежните работи на дел од улиците во село Ногаевци во должина од 310 метри. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 2 милиони и 024.420 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Градско. ад/мд/

Остани поврзан