• понеделник, 08 јули 2024

Гори Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица (ВИДЕО)

Гори Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица (ВИДЕО)
Струмица, 3 јануари 2021 (МИА) - Вечерва по 23:00 часот избувна голем пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Големиот пожар зафати четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат, а пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволуваат да се прошири на другите продавници. Според очевидци, пожарот избувнал по 23:00 часот и веднаш се проширил. -Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик. На местото на пожарот има голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу ТЦ „Глобал“, како и возила на првата помош. Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета. рт/ац/ Видео материјалот е преземен од ТВ Канал Вис

Остани поврзан