• сабота, 21 декември 2024

Голем пожар во близина на аеродромот во Берлин

Голем пожар во близина на аеродромот во Берлин
Берлин, 10 мај 2020 (МИА) - Голем пожар избувна во северен Берлин, во близина на аеродромот Тегел. Горат складишта и засега нема информации за евентуални жртви. Според градската противпожарна служба, причините за пожарот сè уште не се познати. „Изгореа неколку магацини. 110 пожарникари се борат со пожарот, кој ги зафати магацините од речиси сите страни“, соопшти преку Твитер противпожарната служба. Од огнот се издига огромен чад, што може да се види од различни делови на градот. Од граѓаните се бара да ги затворат прозорците. Полицијата ги блокираше улиците и ги луѓето да го избегнуваат тој дел од градот. ссм/  

Остани поврзан