• сабота, 16 ноември 2024

Главната улица во селото Чалакли во завршна фаза 

Главната улица во селото Чалакли во завршна фаза 
Гевгелија, 15 март 2021 (МИА) - Еден од приоритетите на жителите од валандовското населено место Чалакли, главната селска улица, влезе во завршна фаза на асфалтирање по што наскоро ќе биде предадена и во употреба.
Во ова место, населено во главно со жители од турска националност, мештаните велат дека главната улица им е главната сообраќајна артерија во селото затоа што по нејзината должина им се распоредени сите позначајни објекти во селото како поштата, џамијата, подрачното основно училиште и фестивалската сцена на која се одржува традиционалниот фестивал на пролетни веселби „Хит Бах Шен Фест“.
За целосно уредување на главната улица во селото Чалакли, владата издвои четири милиони денари. им/вј/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан