• понеделник, 23 декември 2024

Германски виролог: Концентрацијата на вируси кај децата е 10.000 пати поголема

Германски виролог: Концентрацијата на вируси кај децата е 10.000 пати поголема
Берлин, 30 април 2020 (МИА) - Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од прерано отворање на детските градинки. Тој истакна дека врз основа на грипот и настинката се знае оти децата имаат големо количество вируси во грлото, објаснувајќи дека таа концентрација на вируси е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните. Дростен нагласи дека децата имаат имунолошки систем без искуство, што не може да дејствува против вирусите и поради тоа училиштата и градинките претставуваат жаришта на вируси. Истовремено, тој наведува дека се уште нема сеопфатно истражување колку се заразни децата, изразувајќи надеж дека во следните денови науката ќе дојде до нови сознанија. Германскиот виролог предупредува и на пребрзото олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. - Врз основа на добриот развој на ситуацијата во Германија и Австрија многу луѓе мислат дека престрого се реагирало. Тие не разбираат зошто продавниците мораа да бидат затворени. Гледаат само на она што се случува околу нив, но не и на ситуацијата во другите земји, изјави Дростен. гт/

Остани поврзан