• петок, 22 ноември 2024

Германската полиција уапси двајца тинејџери поради разговор за терористички напад

Германската полиција уапси двајца тинејџери поради разговор за терористички напад

Берлин, 29 ноември 2023 (МИА) – Германската полиција приведе двајца тинејџери кои наводно разговарале за заговор за можен напад во Германија, изјавија денеска безбедносни извори за ДПА.

Едно 15-годишно момче кој се смета за главен осомничен и 16-годишен соучесник наводно разговарале за планови за напад на „неверници“ и навеле синагога и божиќен пазар како потенцијални цели, изјавија извори за ДПА.

За апсењата, кои наводно се случиле вчера, првпат јави јавниот радиодифузен сервис WDR.

Останува нејасно колку е сериозен заговорот или дали тинејџерите презеле конкретни чекори кон подготовка за напад.

Но, извори за ДПА изјавија дека безбедносните служби презеле акција и ги привеле тинејџерите како мерка на претпазливост, откако 15-годишникот именувал конкретен датум и јавно место. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан