• петок, 22 ноември 2024

Германецот Кунц и официјално нов селектор на Турција

Германецот Кунц и официјално нов селектор на Турција
Истанбул, 19 септември 2021 (МИА) – Досегашниот предводник на германската фудбалска репрезентација до 21 година Штефан Кунц денеска официјално е назначен за нов селектор на Турција. Кунц (58) на турската клупа седнува на местото на Шенол Ѓунеш, кој претходно овој месец замина од должноста по поразот од 6-1 од Холандија во мундијалските квалификации. Поранешниот напаѓач на германската репрезентација, Кунц, дел од својата фудбалска кариера помина во Турција, настапувајќи за екипата на Бешикташ, а со селекцијата до 21 година на Германија освои две европски титули како тренер (2017, 2021). Турција во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година во Катар е третопласирана во групата Г со 11 бодови, два помалку од Холандија и Норвешка, против која Кунц ќе дебитира на селекторската позиција на 8 октомври. ег/гт/

Остани поврзан